Контакт

Македонија

674 сообраќајни прекршоци, 252 за непрописно паркирање

Објавено пред

Во насока на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 674 платни налози.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 252, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 175, како и прекршоците по основ на возење без возачка дозвола 41.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за неносење сигурносен појас, две мерки за возачи на мотоцикл поради неносење заштитна кацига, 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, исклучени од сообраќај биле 12 нерегистрирани возила.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Македонија

Љутков: Јубилејната поштенска марка е потсетник дека македонскиот јазик живее и трае

Објавено пред

Од

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска, во Порта „Македонија“ се обрати на промоцијата на јубилејната поштенска марка по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик со зборовите: „Човек без јазик е како дрво без корен“.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Со овие зборови го почнувам денешното обраќање бидејќи нема ништо поважно за еден народ од неговиот јазик. Тој не е само средство за зборување, тој е срцето на нашата историја, борба и љубов кон зборот, кон коренот, кон татковината. Затоа, да се грижиме за јазикот, значи да се грижиме за себе, за иднината на нашите деца и за споменот на нашите предци“, рече Љутков.

Тој додаде дека со денешната промоција на специјалната поштенска марка му оддаваме чест на нашиот македонски јазик.

„Во овој свет на брзи комуникации и дигитална ера се чини дека поштенската марка е нешто од минатото. Но, не, таа е токму спротивното. Таа е сведоштво на трајноста. А македонскиот јазик е токму тоа – трајна вредност, што ги преживеала времето, притисоците и обидите за негирање. Затоа оваа поштенска марка има огромно значење. Таа ќе патува низ светот и ќе раскажува за осум децении јазична зрелост, за генерации писатели, поети, научници и наставници што го градеа и го збогатуваа македонскиот јазик. Истовремено, ќе биде и потсетник дека македонскиот јазик живее и трае. Има своја историја, своја убавина и своја сила“, рече Љутков.

Министерот Љутков на крајот од своето обраќање порача: „Да продолжиме да го негуваме македонскиот јазик со истиот идеал што го водеше Конески – со тивка сила, со длабоко чувство за одговорност и со верба дека зборот е столб на идентитетот“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски: Почнува целосна реконструкција на мултифункционалното игралиште и на детското катче кај трим-патеката

Објавено пред

Започна целосна реконструкција на мултифункционалното игралиште и детското катче лоцирани кај трим патеката во населбата 11 Октомври – Згради, со што младите од овој дел на Кисела Вода добиваат современ спортско-рекреативен простор.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Ќе се постави нов полипропиленски под, ист како оној што се користи на летните Олимписки игри, а ќе се изградат и трибини, ќе се постават нови кошеви и фудбалски голови. Во исто време, темелно ќе се обнови и постојното детско катче, кое беше во руинирана состојба и небезбедно за користење. По завршувањето на проектот, оваа локација ќе се трансформира во модерен комплекс за спорт, рекреација и безгрижна детска игра. Реконструкцијата е заедничка инвестиција на Општина Кисела Вода и Министерството за спорт, најавија од Општина Кисела Вода.

-Поддршката и мотивацијата на младите да живеат здраво и активно, секогаш е во нашиот фокус.
Токму затоа посветуваме значаен дел од ресурсите во спортската инфраструктура во нови или реконструирани терени и игралишта, што е инвестиција во здрави генерации.
Игралиштето кое се наоѓа во населбата 11 Октомври-Згради, покрај трим патеката, ќе добие полипропиленски под, кој официјално се користи за летните Олимписки игри.
Добива и трибина, нови кошеви, голови за фудбал – сѐ на сѐ еден модерен спортски комплекс за здраво живеење.
Комплетно го реконструираме и детското катче кое се наоѓа во непосредна близина на игралиштето, кое беше значително руинирано и небезбедно.
За многу скоро од денес, дечињата добиваат уште едно ново катче каде што ќе го поминуваат своето време во непречена детска игра и смеа.
Создаваме спортско-рекреативен простор за младите од овој дел на Кисела Вода каде што ќе можат да се дружат, рекреираат, спортуваат и да учат важни животни вештини преку игра – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Зошто Мицкоски го штити началникот Томо Донев, прашува Костовски по трагедијата во Кочани

Објавено пред

Зошто Обвинителството ги амнестира од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади луѓе, а 200 беа повредени? Дали Обвинителството ги заштитува од одговорност овие луѓе по наредба на Христијан Мицкоски? Зошто Христијан Мицкоски лично и директно ја попречува истрагата за Кочани, праша Мартин Костовски од СДСМ.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Дополнително, праша дали се плаши дека доколку Обвинителството постапи во согласност со законот, истрагата за пожарот ќе доведе до него.

За Костовски, нејасно е зошто од истрагата е изоставен Томо Донев, кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани.

„Дали и Донев, како и другите полициски функционери на ДПМНЕ во Штип и во Кочани, е дел од параполициските партиски структури на ВМРО-ДПМНЕ, кои рекетираат и аминуваат криминал во Источна Македонија?

Дали Томо Донев е изоставен само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и редовно ги посетувал состаноците на партијата во Кочани?

Како е можно и покрај сите информации што ги имала полицијата, службени белешки од полициски службеници, објави на социјални мрежи дека во дискотеката нелегално се користат пиротехнички материјали, началникот за криминалистички работи, кој е надлежен за сите инспектори во Кочани, да не одговара за катастрофалниот пропуст на полицијата, кој доведе до ситуација во која 62 лица го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?

Како е можно да нема одговорност кај полицијата за нелегалната употреба на пиротехнички материјали“, додаде Костовски.

Оценува дека токму Томо Донев е по херархија надреден во отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи во Кочани, кој морал по закон да врши надзор над употребата на пиртотехника во градот.

„Како е можно и покрај сите јавно објавени фотографии од дискотеката ‘Пулс’, на кои се гледа дека нелегално се користи пирхотеника, никој да не направи надзор и контрола дали оние што управувале со пиротехниката имаат дозвола за ракување со неа?

Дали партијата е пред правдата?

Дали личните интереси на Христијан Мицкоски се поважни од солзите на мајките во Кочани?

До кога Обвинителството ќе молчи пред фактите и доказите, кои упатуваат на кривична одговорност кај голем број актуелни полициски функционери“, вели Костовски.

СДСМ, како што нагласи, нема да запре со име и презиме да ги именува оние што ја завија Македонија во црно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) По години трупање смет, се чисти депонијата на патот кон Езерани

По години трупање смет, утрово, ученици од Преспа и механизација од ЈКП „Пролетер“ почнаа да го чистат ѓубрето од депонијата...

Македонија2 часа

(Видео) Манасиевски: Вработените во Министерството за здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се коруптивни и криминални, одбивале да ги потпишат

Сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека Венко Филипче направил криминал во случајот со...

Македонија3 часа

(Видео) Дали Македонија е пред државен банкрот, прашува Кузеска

Додека Мицкоски зборува за некаква си силна економија, Македонија се наоѓа пред историски најсериозната економска и финансиска криза каква што...

Македонија5 часа

ДУИ за „Вреди“: Албанците никогаш нема да прифатат нивниот глас да се замени со луѓе покорени од страв од кривична одговорност

Откривањето на незаконските активности на раководството на „Вреди“, како дел од т.н. „Урбан криминал“, само го потврдува предупредувањето: ВМРО-ДПМНЕ ги...

Свет6 часа

Трамп потпиша: царините за челик и за алуминиум се удвојуваат на 50 проценти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој од денес се удвојуваат царините за челик и за алуминиум на...

Свет7 часа

Орбан против влезот на Украина во ЕУ: „Ќе ги проголтаат сите евра“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно го критикува потенцијалниот влез на Украина во Европската Унија ветувајќи дека ќе направи сè за...

Македонија7 часа

Арсовска за власта: Сковале план да го дестабилизираат Скопје, ќе почнат со ЈСП, па со „Комунална хигиена“ и ќе создадат хаос за да дефокусираат и да владеат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со нов напис на социјалните мрежи, во кој упатува критика до власта. „Им се дестабилизира...

Македонија22 часа

(Видео) СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

„Ако на некој досега не му беше кристално јасна криминалната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и привезокот од ЗНАМ, денес на...

Македонија23 часа

Кирков: Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар

Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна...

Македонија1 ден

Мицкоски: БДП во првиот квартал од 2025 е 3,4 проценти, Македонија во петте најбрзо растечки економии во Европа

Во политиката понекогаш ќе слушнете како некој ќе рече дека „бројките не значат многу доколку не се почувствуваат“. Денес сакам...

Македонија1 ден

Арсовска прави циркус и парада пред локалните избори, Тошковски вели дека ќе било искрено ако пријавувала дивоградби во првата година од мандатот

Вклучувањата во живо од градилишта за кои вели дека се дивоградби, јавните повици да постапуваат институциите, обвинувањата дека власта им...

Македонија1 ден

(Видео) Јакимовски: Чувствува ли власта одговорност за хаосот во Скопје

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, реагира на нефункционалноста на државниот систем, укажувајќи на сериозните проблеми со кои се соочува...

Топ1 ден

(Видео) Скриени во цистерни, запленети 55 штеки цигари, ИТ-опрема, 30 илјади евра, соопшти Царинската управа

Во текот на минатата недела, царински службеници и мобилни царински тимови спречиле обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски...

Македонија1 ден

Возач преку прозорец од возило ѝ се заканувал на Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, пријавила дека ѝ се заканувал возач од автомобил на булеварот Словенија во Скопје. Возачот потврдил...

Свет1 ден

„Ќе кренеме сè во воздух“: Медведев со предупредување до Киев по нападот со беспилотни летала

Руската армија е активно во офанзива и таа ќе продолжи, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев....

Свет1 ден

(Видео) Вознемирувачки снимки од земјотресот во Грција и Турција: луѓе скокаа од прозорци, девојче почина од страв, над 60 повредени

Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес што ги погоди островот Родос во Грција и крајбрежниот град Мармарис во Турција во текот...

Македонија1 ден

Данела до Мицкоски: Не ви се плашам и не се повлекувам

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, преку писмено соопштение му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, во кое го обвинува...

Свет1 ден

Ердоган: Мојата најголема желба е да ги соберам Путин и Зеленски во Истанбул или Анкара

Турција станува еден од главните центри на дипломатијата за мир, бидејќи земјата сака да ги собере претседателите на Украина, САД...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба

Претседателката и врховна командантка на македонската армија, Гордана Сиљановска-Давкова на армискиот полигон Криволак присуствуваше и се обрати на воената вежба...

Свет2 дена

Шефот на НАТО: Не сме во војна, но не сме ниту во мир

На самитот на НАТО во Вилнус, генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, предупреди дека НАТО се соочува со „најопасната безбедносна...