logo
logo
logo

Се шокирала кога ChatGPT ѝ помогнал да открие дека има рак

Vecer | 22.04.2025

Се шокирала кога ChatGPT ѝ помогнал да открие дека има рак

27-годишната стратегистка Марли Гарнрајтер откри дека ги игнорирала симптомите поради времето кога се појавиле. Во јануари 2024 година го изгубила својот 58-годишен татко Виктор од рак на дебело црево, па кога почнала да има ноќни потења и чешање на кожата, Марли поверувала дека станува збор за анксиозност предизвикана од тагата по загубата на татко ѝ.

По неколку крвни тестови кои покажале дека сè е во ред, лекарите ја поддржале хипотезата дека симптомите се резултат на тага. Но, наскоро симптомите ескалирале во слабеење, постојана летаргија и ужасен притисок во градите.

„ChatGPT и ми кажа дека имам рак на крвта. Го игнорирав тоа“

Тоа ја натерало да побара помош од пионерската алатка со вештачка интелигенција — ChatGPT.

Неверојатно, ChatGPT ѝ предложил дека можеби има рак на крвта — дијагноза за која првично била „скептична“.

Сепак, во јануари почнала да чувствува дека „нешто не е во ред“ поради постојаната болка во градите, што ја натерало повторно да се јави кај лекар, каде што откриле маса во нејзиното лево белодробно крило. Во февруари 2025 била упатена кај пулмолог, кој ја потврдил дијагнозата — Хоџкинов лимфом, вид на рак на крвта.

Според НХС, симптоми на Хоџкинов лимфом се ноќни потења, ненамерно слабеење, висока температура или треска, постојана кашлица и чешање на кожата.

„Почнав многу да слабеам кога [татко ми] почина,“ се потсетува таа,пренесува Лед Бајбл.

„Јадев нормално, но мислев дека анксиозноста е причината за слабеењето. Прифатив дека човек слабеe од тага. Имав ноќни потења и чешање на кожата. Повторно мислев дека е од анксиозност. Мислев дека добро ја процесирам тагата. Но чувствував дека нешто не е во ред. Во мај им испратив видео на пријателите — прашав ChatGPT и ми кажа дека имам рак на крвта. Го игнорирав тоа. Сите бевме скептични и ни беше кажано да се консултираме само со вистински лекари.“

Откако била потврдена дијагнозата, таа изјавила дека „чувствувала голем гнев“ поради тоа што нејзиното семејство мора да помине низ уште една борба со рак толку брзо.

„Се чувствував како сè да е неправедно,“ рече таа. „Не сакав моето семејство повторно да минува низ ова.“

За среќа, Гарнрајтер добила можност да замрзне јајце клетки пред започнување на хемотерапијата — планирани се четири до шест циклуси — кои започнале на почетокот од март.

Таа заклучи: „Чувствувам самодоверба за иднината. Навистина е важно да го слушаме нашето тело. Понекогаш ја губиме врската со нашето внатрешно јас.“

Можеби ве интересира:

Почетен симптом за рак на црниот дроб, се јавува кога ќе седнете да јадете!

Колку начинот на живот, исхраната и алкохолот влијаат врз појавата на рак

Научниците предизвикале клетките на рак да се самоуништуваат

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk