Папата Лав Четиринаесетти денеска ќе ја одржи својата прва голема миса
Новоизбраниот папа Лав XIV денеска ќе ја одржи својата прва голема миса како понтиф на Католичката црква во Сикстинската капела..Кардиналот од Чикаго, Роберт Френсис Превост, вчера по четири круга гласање беше избран за нов папа на Католичката црква по само 24 часа конклава во Сикстинската капела.
Светските лидери веќе почнаа да му честитаат на новоизбраниот поглавар на Католичката црква, Лав XIV, меѓу кои рускиот претседател Владимир Путин, израелскиот и францускиот претседател, како и украинскиот лидер Володимир Зеленски.