Следете не

Кичево

(ВИДЕО+ФОТО) Жива е Македонија! Со песна, оро и дефиле денес кичевските матуранти го завршија средното образование, честитки!

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевските матуранти, генерација 2020-2024 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование.

п.с. Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!

Апел да внимаваат денес на својата и на безбедноста на сите други граѓани, да се памети и оваа година по убави спомени вашата матура!

Видео:

Среќно понатаму, ПортаМК вечерва ви посакува да си поминете најубаво!

Повеќе фотографии ТУКА :

Кичево

Денес редовниот состав на кичевската полиција ќе реализира боево гаѓање на стрелиштето во с.Осој кичевско

Објавено пред

на

©porta.mk

Редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведе вежбовна активност за боево гаѓање.

Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ Кичево.

Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, преку нашиот медиум известува Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево вчера реализираше превентивни активности за заштита од пожари со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари

Објавено пред

на

ФОТО: ОВР Кичево/СВР Охрид

Превентивни активности на ОВР Кичево за заштита од пожари со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, вчера (24.05), полициски службеници од полициската станица Кичево, реализираа превентивни активности и контакти со месното население на подрачјето на кичевските села Лисичани и Челопеци.

Притоа, на жителите на овие региони, им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“, и низ кратки разговори, беа потсетувани на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари со посебен акцент на потребата од почитување на мерките за безбедност при движење и престој во шуми и на површини со вегетација на отворен простор.

Заедничките тимови, посебно ја нагласија потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење, за Порта.мк информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

Зошто сите оваа сезона зборуваат за проектот „Истражи го Кичево“ на „Интелект Едукација“

Објавено пред

на

©porta.mk

Со огромна љубов и ентузијазам ја најавуваме повторната реализација на нашата програма „Explore Kichevo“ – незаборавно авантуристичко и едукативно искуство наменето за децата, со една јасна цел, а тоа е да го запознаат, засакаат и почувствуваат како свое родното местоКичево!

Преку низа внимателно подготвени активности во природа, игри, работилници и кампување, децата ќе добијат можност:

• Да ги откријат природните и културни богатства на Кичево и околината,

• Да се запознаат со локалните обичаи, историја и традиции,

• Да се поврзат со своите врсници преку дружење и тимска соработка,

• Да изградат чувство на припадност, гордост и љубов кон местото каде што растат.

Нашата визија е јасна – сакаме децата да останат поврзани со своето место, да научат да го вреднуваат и сакаат својот град таков каков што е. Затоа што кога местото од каде што доаѓаш ти е важно, и ти стануваш посилен и посигурен во себе.

 

Што им нуди „Explore Kichevo“ на децата?

• Автентично доживување во природа,

• Знаења и вештини што ќе ги носат со себе цел живот,

• Нови другарства и драгоцени спомени,

• Поттик на самодоверба, емпатија и соработка,

• Длабоко чувство на припадност кон својот корен.

Нашата цел е и да покажеме дека вреди да се учи и расте токму тука – во Кичево. Преку оваа програма, не само што ги охрабруваме децата, туку и го истакнуваме нашиот град на најубав можен начин – преку нивните искрени насмевки и искуства.

И оваа година продолжуваме со иста страст и посветеност – со програми кои се автентични, со никогаш не-копирани туѓи идеи, создадени со многу љубов и внимание. Ние не преземаме – ние градиме. Како едукативен центар стоиме цврсто зад нашата мисија: да понудиме образование што е квалитетно, смислено и вистински инспиративно, според потребите и интересите на секое дете.

Продолжуваме со срце – за нивна среќа, за наше Кичево, за подетални информации контактирајте на тел бр. 071/777-939 (Интелект Едукација)

/ПР – Интелект Едукација

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија47 минути

Лице од демирхисарско возел автомобил со 3,43 промили алкохол во крвта

На 28.05.2025 во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници  од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р....

Хороскоп13 часа

Хороскоп за четврток (29 мај)

Овен Ако очекувате прилив на пари, можете да се надевате на успех. Ви доаѓа можност на личноста која ви се...

Македонија18 часа

Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“

Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и...

Спорт21 час

Милевски го соопшти списокот на повикани фудбалери за квалификациските мечеви против Белгија и Казахстан

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на квалификациските натпревари за Светското...

Македонија1 ден

На старица од Прилеп и украле златно ланче, експресно биле фатени од Полицијата

На 27.05.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп ги лишија од слобода М.К.(18) од Прилеп и...

Временска прогноза1 ден

Доаѓа прилив на Африкански бран кој ги носи посакуваните летни температури

Сепак, според последните метеоролошки информации почнувајќи од викендов, особено од недела (1 јуни) во Македонија ќе започне приливот на топол...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (28 мај)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија2 дена

Скопјанец „летал“ со автомобилот во пробиштипско, на место каде е дозволено 40, тој управувал со брзина од 101 км/ч

На 27.05.2025 во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода А.Р....

Свет2 дена

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со...

Занимливости2 дена

Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се...

НАЈЧИТАНИ