АНГЕЛОВ: Ниеден од авионите за гаснење пожар не е во функција

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2025 17:48
Во моментов Македонија нема функционален ер трактор. Ова го соопшти Стојанче Ангелов, кој досега управуваше со Центарот за управување со кризи(ЦУК), а сега ќе раководи со Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС).
„Ниеден од авионите за гаснење пожар не е во функција. Моментално се на сервис, но ќе бидат подготвени за гасење пожари како и обезбедување на пилоти кои ќе ги управуваат“, рече Ангелов.
Тој објасни дека во Владата е формирана група која работи на спојување на ДЗС и на ЦУК, нешто што се најавуваше дека треба да се случи до октомври минатата година.
Ангелов додава дека се работи за усогласување на неколку регулативи и е потребно повеќе време за тоа.
Мухамед Аљи е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Лани и во 2021 година во Македонија имаше големи шумски пожари. Повеќе земји помогнаа за гаснење на огнот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Десет повредени од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

КЛЕКОВСКИ: Повредените во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Надзорна расправа во Собранието сепак ќе има

ДВАЈЦА ВОЈНИЦИ ПОВРЕДЕНИ: Избил пожар во касарната во Тетово, завршија во болница при обид да го изгаснат

Д-р. Фидановски советува: На што треба да внимавате кога сте на одмор со дете и од која возраст се препорачува крема со заштитен фактор

(ВИДЕО) Камионџии незадоволни од рехабилитацијата на клучката „Белви“
„АЛЕКСАНДАР НЕМАЛ НИКАКВА НАМЕРА НИШТО ДА СОКРИЕ ИЛИ ПРИКРИЕ, НАПРОТИВ, ЗА СЕ ЈА ИНФОРМИРАЛ ЗОРИЦА“: Туфегџиќ бара ослободување за таткото на Вања

Миле Лефков: 2 милиони денари за споменик за трагедијата во Кочани

СДСМ: РЕК Битола не работи зошто се запалил неисчистениот команден ормар
