ВИДЕО: Трет ден жестоки руски напади на Украина

Од:

Украинските власти утрово соопштија за нова, трета последовна ноќ на масовни руски воздушни напади со употреба на големи групи борбени дронови, пренесе ДПА.

Воздухопловните сили на Украина преку Телеграм предупредија и на нови напади со крстосувачки ракети, а воздушна тревога беше прогласена низ целата земја.

Противвоздушната одбрана била активирана на повеќе локации, а регистрирани се бројни експлозии, соопштија властите.

Според украинските воздухопловни сили, руски дронови го нападнале црноморското пристаниште Одеса.

Воената управа на Харков соопшти дека во градот се слушнала серија силни експлозии. Гувернерот Олег Синегубов напиша на Телеграм дека се работи за интензивни напади врз инфраструктура.

Русија ги засили нападите врз Украина во текот на викендот, користејќи стотици дронови секоја ноќ. Вчера загинаа најмалку 12 лица, а десетици беа повредени. Како одговор, Украина испрати стотици борбени дронови кон Москва, што доведе до нарушување на воздушниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници загинати во Украина

ВИДЕО: Жесток украински напад на окупираните Донецк и Луганск, погодена руска база

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русите ја поминаа психолошката бариера: Освоивме место во нова регија

НАТО би можело да се распадне, порака од Русија

Стелт авиони на НАТО се распоредуваат на границата со Русија

Украина предлага средба меѓу Зеленски и Путин