ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.02.2022
Мета на Цукерберг размислува за повлекување од европскиот пазар
Автор: Goce Author

Мета размислува да се повлече од европскиот пазар доколку повеќе не може да разменува податоци од европските корисници со САД, по пресудата Schrems II.

Компанијата на Марк Цукерберг во поднесок до Американската комисија за хартии од вредност (SEC) наведува дека размислува за повлекување од европскиот пазар, а се зависи од пресудата Schrems II.

Во јули 2020 година, механизмот за пренос на лични податоци на Европејците во Америка, таканаречениот „Штит на приватност“, беше прогласен за некривичен.

„Штитот за приватност“ е американски закон со кој на американските власти им се дава право да собираат лични податоци за субјекти во Европската унија, без, како што тврди Судот, соодветни заштитни мерки.

Сепак, Мета, а со тоа и Фејсбук се заканува дека едноставно ќе се повлече целосно од Европа доколку повеќе не може да споделува податоци за европските корисници со своите операции, апликации и центри за податоци во САД.

Додека Европскиот суд на правдата наведува дека личните податоци се помалку заштитени во САД отколку во Европа, Фејсбук вели дека запирањето на трансатлантскиот пренос на податоци ќе има катастрофален ефект врз неговите можности за насочено онлајн рекламирање, пренесува City AM, пишува „Телеграф“.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?