„Тончи ми е најголемата казна“: Петар Грашо откри како се снаоѓа со Тончи и семејството

ИЗВОРСкопје24
|

Петар Грашо (46) зборуваше за себе, за својата 25-годишна кариера, но и за семејството кое го основа годинава. Грашо без двоумење ја коментираше врската со неговиот свекор Тончи Хуљиќ и истакна дека животот со него откако станале семејство не е нималку лесен.

– Тончи ми доаѓа како најголема казна во животот и не може да биде лесно со него. Настрана шегата, Тончи и неговата сопруга Вјекослава отсекогаш ми биле како второ семејство, а љубовта која дојде со Хана (32), нивната ќерка, само ја комплетираше таа врска. Одлично се согласуваме и многу се шегуваме, а ако се снимаше нашиот семеен ручек, тоа ќе беше одличен ситком – откри пејачот.

Познатиот пејач го опиша и денот на својата венчавка, истакнувајќи дека е изненаден од интересот на медиумите во Хрватска и регионот, а смета дека тоа е последица на тоа што никогаш не ги донел деталите за својот приватен живот на прв план.