„Лука Модриќ е роден лидер и идеален фудбалер за Милан“

Бразилската легенда Маркос Евангелиста де Мораис, попознат како Кафу,  изјави дека хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ ќе биде засилување за клубот од Милано бидејќи е „роден лидер“ и дека може со топката да направи работи како многу малку луѓе во светот.

Модриќ е пред вратите на „Сан сиро“, а трансферот би требало да биде готов по крајот на Светското клупско првенство каде ќе ги одигра последните мечеви за Реал Мадрид.

„Тоа е засилување типично за Милан бидејќи клубот во минатото донесе неколку искусни играчи кои го имаат фудбалот во крвта. Лука е роден лидер и поранешен освојувач на „Златната топка“. Тој ја контролира топката како малкумина други во светот, а за него возраста не е важна. Можеби не сме свесни за тоа, но поранешниот капитен на Реал Мадрид пристигна со куфер полн со титули“, изјави Кафу. 

Се вчитува...