Марго Фридландер, меѓу последните преживеани од Холокаустот, почина во 104-та година

Маргот Фридлендер, една од последните живи Еврејки што ги преживеале нацистичките концентрациони логори, почина на 103-годишна возраст, објави во петок Фондацијата што го носи нејзиното име.

Фридлендер, родена во Берлин во 1921 година, се криела во градот, но во 1944 година била испратена во концентрациониот логор Терезиенштат, во тогашна Чехословачка. Нејзиниот татко, мајка и брат биле убиени во Аушвиц.

Таа и нејзиниот сопруг, кого го запознала во Терезиенштат, емигрирале во Соединетите ддржави во 1946 година. По неговата смрт, почнала да го посетува Берлин во 2000-те и се вратила трајно во 2010 година на 88-годишна возраст. Оттогаш, таа неуморно работи на тоа да им раскажува на младите луѓе низ Германија за нацистичкиот режим.

„Омразата ми е туѓа“, рече таа еднаш.

Фридлендер доби многу признанија во Германија и беше позната во јавноста како прекрасна, енергична старица која можеше да раскажува импресивни приказни. Наградата за училишни проекти за Холокаустот и денешната култура на сеќавање е именувана по неа.

Во јуни 2018 година, на 96-годишна возраст, таа беше прогласена за почесен граѓанин на Берлин. Книга и илустрирана биографија беа објавени по повод нејзиниот 100-ти роденден.

Есента 2023 година, јавниот радиодифузен сервис ZDF продуцираше документарна драма за неа, што се совпадна со 85-годишнината од Кристалната ноќ, ужасниот погром извршен од нацистите во 1938 година.