Монфилс испиша француска историја, а ги надмина Ѓоковиќ и Вавринка

Францускиот ветеран Гаел Монфис приреди вистинска драма на „Филип Шатрие“ и по голем пресврт го елиминираше Боливиецот Уго Делиен во првото коло на Ролан Гарос. Иако губеше со 0-2 во сетови, Монфис не се предаде и по повеќе од три и пол часа борба славеше со 4-6, 3-6, 6-1, 7-6 (4), 6-1.

Со овој триумф, Монфис стана тенисер со најмногу победи во мечеви во пет сета во Париз – вкупно 12, оставајќи ги зад себе Новак Ѓоковиќ и Стан Вавринка.

Истовремено, се израмни со легендарниот Јаник Ноа на врвот на листата по бројот на победи на Ролан Гарос како Французин – двајцата имаат по 40.

Во второто коло, Монфис ќе се соочи со Британецот Џек Дрејпер.

ФОТО/PHOTO: Roland-Garros/Twitter