Пејачката Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца Ражнатовиќ го слави својот 27-ми роденден. Поради оддалеченоста што ја дели од нејзиното семејство и најблиските пријатели, бидејќи живеат во Србија, додека пејачката е во Шпанија, Анастасија нема да ги собере сите свои најблиски на овој посебен ден за неа, но нејзиниот сопруг Немања Гудељ, како и целото негово семејство, ќе бидат со неа.
Имено, Анастасија доби безброј честитки и пораки на Инстаграм, кои ги сподели со сите, а го покажа и подарокот што го добила од нејзината свекрва Оља и нејзната золва, Вања Гудељ.
Тие ѝ испратија огромен букет црвени рози со порака:
– Снао, среќен роденден! Да си жива и здрава, многу те сакаме. Твоето семејство! Ова ти го испраќаме ние девојките, твојата Вања и Оља – гласеше пораката.
– Мои! Ве сакам и ви благодарам што те тука дури и кога не сте – одговори Анастасија.