„Плетките на баба“ – омилен тренд ова лето

26 јули 2023

Ракотворбите од нашата традиција и плетенините што ги изработуваа нашите баби, во модниот свет оживуваат во една сосема поинаква димензија.

Тенденцијата „плетките на баба" ова лето ги ужива своите нови „5 минути".

Техниката на деликатни, нежни плетки со памучен, односно свилен конец, интерпретирани во различни форми, не е нешто непознато во моден контекст, но дефинитивно ова лето доживува ренесанса.

Плетенините оваа сезона стануваат заедничка референца на најлуксузните и на комерцијалните етикети, па токму оттука и широката лепеза на варијации на оваа техника, која инаку нам на овие простори ни е најпрепознатлива преку плетенините што порано ги изработуваа нашите баби, а со ретки исклучоци се изработуваат и денес.

Покрај тоа што со оваа техника се дизајнираат атрактивни модни парчиња, истите се и многу практични со оглед на тоа дека се изработени од памучен конец што и дозволува на кожата да дише и токму поради тоа се пријатни за носење на високи летни температури.

Од мини фустани со флорални плетени мотиви кои асоцираат на бохо естетиката на 70-те до координирани дводелни сетови од кроп-топ и панталони, совршени за на плажа.

Плетенините се присутни насекаде ова лето.

Еве неколку идеи како да ги вклопите во вашиот летен имиџ.

Фото: Пинтерест

 

 

Објавено:
26 јули 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.553 пати