За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека најверојатно утре ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локални избори. За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ.

-Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулирам имињата, каде што тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници што прво значи себепонижување, како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев.

Тој и Таравари, дополни, како колеги во Владата имаат секојдневна комуникација.

Мицкоски информира и дека во втората половина од месецов пред Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со имињата на кандидати за градоначалници за локалните избори во октомври.

Би можело да ве интересира

Информациите дека наводно Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

Со 225 милиони евра ќе се финансираат 828 проекти во општините

Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба, не гледам причина за тоа

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

Мицкоски: Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата