30 Јуни, 2025
0.0285

МЕРЦЕДЕС ПРЕФРЛА ДЕЛ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО ВО УНГАРИЈА, НО ТОА ГО ПРАВИ ТАЈНО: Во Германија ќе згаснат илјадници работни места, во Унгарија се отвораат нови за помалку пари

Објавено во: Економија 18 Април, 2025 14:55

Добивај вести на Viber

Мерцедес сака да ги пресели работните места од Германија во Унгарија, пишуваат германските медиуми. Шефот на Мерцедес негува контакти со Орбан, но германската јавност треба, ако е можно, да дознае што помалку за тоа.

Мотото на менаџментот на Мерцедес при изборот на локации за производство на автомобили е: „На исток“, како што неодамна изјави финансискиот директор Харалд Вилхелм на годишната прес-конференција.

Фокусот на Мерцедес е на Унгарија, особено на локацијата Кечкемет, град со околу 100.000 жители, пишува Stuttgarter Zeitung, а пренесува Bild.

Планот, според наводите, е следен: во иднина таму да се премести производството од околу 100.000 возила годишно - автомобили кои досега се произведуваа во Германија. Во исто време, тоа значи дека работните места ќе бидат укинати во Германија - на долг рок. Причината за преселбата на исток, од гледна точка на менаџментот на компанијата е едноставна: трошоците за производство во Унгарија се драстично помали - пред се поради тамошните плати.

Според финансискиот директор на Мерцедес, Харалд Вилхелм, трошоците за работна сила во Унгарија се пониски за околу 70 отсто во споредба со Германија, како што пренесуваат гореспоменатите германски медиуми. Додека Мерцедес јавно не го коментира конкретниот случај, унгарската влада оваа одлука ја користи за своја промоција.

Премиерот Виктор Орбан позираше за демонстративна фотографија со шефот на Мерцедес Ол Калениус, објавувајќи ги сликите на неговата веб-страница и промовирајќи ја Унгарија како силна економска локација. Впечатливо е што Мерцедес цврсто молчи на прашањето на Stuttgarter Zeitung. Ниту средбата во Унгарија на 17 март оваа година, ниту посетата на Орбан на Келениус на 19 јуни 2024 година во Штутгарт не се потврдени - иако и двете ситуации се документирани со фотографии од унгарска страна.

За состанокот во март оваа година, на веб-страницата на Орбан се вели: „Фабриката Кечкемет стана втората по големина европска фабрика за автомобили од групацијата Мерцедес-Бенц, вработувајќи скоро 5.000 луѓе во Унгарија. Благодарение на проширувањето во Кечкемет, кое во моментов е во тек, компанијата ќе отвори 3.000 нови работни места до 2026 година и ќе го удвои својот производствен капацитет на 400.000 возила годишно.

Инвестициите го зајакнуваат Орбан

Политичката позадина ја прави работата уште поексплозивна: Европската унија и задржува милијарди евра на Унгарија поради кршење на владеењето на правото и слободата на медиумите. Инвестициите од концерни како Мерцедес носат нови пари во Унгарија – и ја зајакнуваат позицијата на Орбан. Мерцедес само одговори со општа изјава дека се води од политички насоки и се придржува до законската рамка.

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Заштитните друштва девет месеци не добиле поврат на придонеси, отпуштаат вработени со попреченост

Трендафилов: Заштитните друштва девет месеци не добиле поврат на придонеси, отпуштаат вработени со попреченост

„МојДДВ“ повторно функционира

„МојДДВ“ повторно функционира

Мерц: Ќе направам се за да спречам повторно да се стави во употреба гасоводот „Северен тек 2“

Мерц: Ќе направам се за да спречам повторно да се стави во употреба гасоводот „Северен тек 2“

Светската цена на нафтата се движи кон најголем пад во последните две години

Светската цена на нафтата се движи кон најголем пад во последните две години

Менаџерите на „Крка“ и „НЛБ“ најплатени во Словенија

Менаџерите на „Крка“ и „НЛБ“ најплатени во Словенија

Не може да се скенираат сметки по вчерашното невреме

Не може да се скенираат сметки по вчерашното невреме

Директорот на пазарен инспекторат: Има поскапување на основните прехранбени производи во малопродажбата

Директорот на пазарен инспекторат: Има поскапување на основните прехранбени производи во малопродажбата

Собранието предизборно вработува 49 службеници

Собранието предизборно вработува 49 службеници

Продолжен рокот за понуди за финансирање на проектот со брзата железница, досега не е пристигната ниту една

Продолжен рокот за понуди за финансирање на проектот со брзата железница, досега не е пристигната ниту една