Мбапе е пред освојување на „Златна копачка“, може да го спречи само Салах!

Килијан Мбапе се искачи на врвот на листата на најдобри стрелци во Европа за оваа сезона, симнувајќи го Виктор Ѓокереш од првото место, но трката сè уште не е завршена. Единствениот кој може да му ги помати сметките е Мохамед Салах, кој со Ливерпул го игра последниот натпревар сезонава во понеделник против Кристал Палас. Сепак, Египќанецот ќе мора да постигне хет-трик за да го стигне Французинот и да ја подели Златната копачка.

Иако Ѓокереш беше вистинскa гол-машина во дресот на Спортинг со 39 гола, во трката за Златната копачка е надминат поради послабиот коефициент на португалската лига (1.5) во однос на најсилните европски првенства, како што се Ла Лига и Премиер лигата (кои имаат коефициент 2). Затоа Мбапе и Салах имаат мала предност и покрај помалиот број голови.

Топ 10 стрелци во Европа оваа сезона:

  1. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 31 гол / 62 поени
  2. Виктор Ѓокереш (Спортинг) – 39 голови / 58.5 поени
  3. Мохамед Салах (Ливерпул) – 28 голови / 56 поени
  4. Хари Кејн (Баерн Минхен) – 25 голови / 50 поени
  5. Роберт Левандовски (Барселона) – 25 голови / 50 поени
  6. Матео Ретеги (Аталанта) – 25 голови / 50 поени
  7. Александер Исак (Њукасл) – 23 гола / 46 поени
  8. Мика Бирет (Штурм/Монако) – 22 гола / 42.5 поени
  9. Усман Дембеле (ПСЖ) – 21 гол / 42 поени
  10. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 21 гол / 42 поени

Салах веќе се закити со едно индивидуално признание оваа сезона – прогласен е за најдобар играч во Премиер лигата. 

ФОТО/PHOTO: Real Madrid C.F.