Радио Милева ЅВЕЗДИ, ДОМАЌИНКИ, ВЕРНИЦИ...

Уметност на бојосувањето низ годините: Македонските познати дами и нивните вапцани велигденски јајца (фото)

Уметност на бојосувањето низ годините: Македонските познати дами и нивните вапцани велигденски јајца  (фото)

Викендов се празнуваше еден од најголемите христијански празници Велигден.

Според традицијата и обичаите, три дена пред Велигден односно на Велики четврток пред изгреј сонце се вапцаат првите Велигденски јајца.

Според верувањата, првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.

Меѓутоа, домаќинките останатите  јајца ги вапцаат на Велика сабота односно дената пред Велигден.

Македонските познати дами низ годините покажаа дека и тоа како умеат да ги засукаат ракавите во кујната, па да се покажаат не само како квалитетни естрадни, модни или ТВ ѕвезди, туку како одлични и вредни домаќинки. Креативни и во велигденската изведба, ова е избор од нивните резултатите низ годините наназад за Велигден, споделени на социјалните мрежи.

Калиопи

Мелита Ракиќевиќ

Лила Филиповска

Татјана Лазаревска

Викторија Лоба

Хелена Роза

Милена Антовска

Катарина Ивановска

Елена Стефановска

Симона Поповска

Христос воскресна, навистина воскресна… За многу години Велигден!

Фото: Инстаграм/архива

To top