Финансии / Банкарство

Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка, потврдија вечерва од Кабинетот на претседателот.

Славески, кој е актуелен претседавач на Советот на град Скопје, е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии.

Претседателката својот предлог веќе го достави до Собранието, кое новиот гувернер на Народната банка треба да го избере на пленарна седница со просто мнозинство.

- При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, велат од Кабинетот на претседателот.

Од Собраниската прес-служба потврдуваат дека предлогот е доставен до пријавницата во Собранието.

Сиљановска Давкова одлучила кој ќе биде идниот гувернер на Народната банка, но јавоста ќе го дознае неговото име, како што рече денеска, откако предлогот ќе биде испратен до Собранието.

- Никогаш не се кажува прво во јаноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија, рече Сиљановска Давкова во изјава за новинарите по денешниот Форум за културна дипломатија што се одржа во нејзиниот Кабинет.

Таа потврди дека гувернер ќе биде некој од кандидатите кои се спомнуваат во јавоста. Како што оцени, сите кандидати кои се спомнуваа во јавноста се квалификувани, ако се земе предвид нивното експертско занење и тоа, напомена, е факт.

- Додека сте на функција треба да заборавите на партиски влијанија и да се водите од предизвикот на професијата. Според Законот, функцијата е инкопатибилна со партиско членство. Ние сме имале извонреден гувернер, Петар Гошев, кој беше претседател на партија, значи немало пробем, истакна претседателката на прашањето дали винамавала на законот со оглед дека некои од кандидатите имаат врска со партиите.

Меѓу тројцата најсериозни кандидати за гувернер се спомнуваа актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески. 

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер.

 Ангеловска Бежоска стапи на функцијата на 22 мај 2018 година. 

Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежовска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997). 


 

Извор МИА 

ПРЕПОРАЧАНО