Откако Антониа Гиговска се омажи и го роди своето прво чедо синчето Киан, пејачката покрај музиката, сето свое внимание гио има концертрирано на него. По логика на нештата сега во домот се’ би требало да се врти околу малечкиот и тој да биде центарот на универзумот, што и е така, ама неговото воспитување очигледно има и друга страна. Онаа – домаќинската.
На сите им е позната старата поговорка дека: „Железото се кове додека е жешко“, односно децата се воспитуваат уште од најмала возраст, па тоа почнала да го применува и пејачката како млада мајка.
Имено, за да не биде подоцна „аман“, Гиговска проценила дека сега е таман на својот син да му стекне работни навики уште од мали нозе. А децата во оваа возраст во која е малиот Киан, се како сунѓер… Се’ упиваат! Она што ќе им го кажеш и покажеш, оноа на што ќе ги упатиш и научиш, ама и она што го гледаат додека го правиш…
Оттаму, од она што се гледа на споделеното видео е јасно дека синот на Антониа и Џокер уште од мали нозе е дете за пример! Освен што во целата работа има само една мала нејаснотија: Дали тоа малиот е така вреден оти се метнал на мајка му или го гледал татко му? Додека пружа алишта се разбира, па сега го имитира!?
Што се однесува до бакнежите, веруваме погодувате на кого е! Како и да е, јасно е дека малиот Киан е супер вредно дете уште од мали нозе, сеедно од кого добива едукација, а кој му е инспирација!
Фото и видео: Инстаграм/jokerdam93/antoniagigovskaa