Зеленски: Русите се обидоа да ги искористат воздушните напади како покритие за копнени напади

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово изјави, повикувајќи се на извештај на Врховниот командант на украинската армија, Александар Сирски, дека руските сили се обиделе да користат воздушни напади како покритие за зголемени копнени напади, но дека овие напади биле одбиени.

– Всушност, Русите се обидоа да извршат копнени напади под закрила на нивните масовни воздушни напади, рече Зеленски, објави Ројтерс.

Зеленски рече дека додека украинските сили се концентрирале на одбрана од ракети и беспилотни летала, Русите започнале засилени копнени напади, но биле одбиени.

Би можело да ве интересира

Пет дронови соборени над Москва

Макрон: Разговарав со Зеленски, го поздравувам усвојувањето на санкциите на ЕУ против Русија

Кремљ: Русија создаде одреден имунитет кон западните санкции и се прилагоди на нив

Трамп бара од Зеленски да премине во офанзива

Грушко: НАТО се подготвува за конфликт со Русија

Руски генерал осуден на шест години затвор за проневера на над 270.000 евра

А1он