За три дена 2023 сообраќајни прекршоци, 362 за брзо возење
- Во изминатите три дена во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени вкупно 2023 платни налози.

Скопје, 22 мај 2025 (МИА) - Во изминатите три дена во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени вкупно 2023 платни налози.
Според статистичката евиденција, соопшти денеска МВР, по однос на сторените прекршоци согласно од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање 508, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 362, како и 165 мерки за прекршоците по основ на возење без возачка дозвола.
- Покрај ова, во изминатите три дена беа изречени и 127 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 55 санкции за возачите на мотоцикл по основ на неносење заштитна кацига. Исто така во 18 случаи санкционирани биле возачи под дејство на алкохол, шест мерки се изречени за минување на црвено светло, додека пак по основ на неносење сигурносен појас изречени се 121 санкција, а по основ на користење мобилен телефон при возење 99 мерки, се наведува во соопштението.
Согласно, пак, Законот за возила, од сообраќај се исклучени 50 нерегистрирано возило, како и 12 технички неисправни возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/
Фото: МИА архива