• Горан Упале

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) имаше многу работа по одигрувањето на 29. коло во Првата и 23. коло во Втората фудбалска лига.
Во ова коло од елитното натпреварување се случи нов скандал и уште еден недоигран натпревар. Откако Гостивар имаше негатива од 1-2 во соочувањето со Работнички, се реши да се повлече и натпреварот во Скопје заврши пред деведесеттата минута. Поради тоа Дисциплинската комисија при ФФМ ги соопшти казните поради неспортскиот потег на клубот од Гостивар.
- Алпер Потук - фудбалер на Гостивар се казнува со забрана на настап во период од 2 (две) години поради повикување на директни учесници на натпревар да го напуштат натпреварот од 29. коло од ПМФЛ помеѓу екипите на Гостивар и Работнички.
- ФК Гостивар се казнува со одземање на девет бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од ПМФЛ меѓу екипите на Гостивар и Работнички.
- ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во оградениот дел од теренот (службени простории) на натпреварот од 29. коло во ПМФЛ против Работнички.
- ФК Гостивар се казнува со забрана на одигрување на десет)натпревари на свој терен како домаќин, односно 100 километри надвор од теренот кој го имаат пријавено како домашен терен.
- Енес Уста - претседател на Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од две години поради повикување на фудбалерите на Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот Гостивар - Работнички во рамките на 29. коло во ПМФЛ.
- Блажо Панов - шеф на стручен штаб на Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од две години поради повикување на фудбалерите на Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот Гостивар - Работнички во рамки на 29. коло во ПМФЛ.
Сите играчи на Гостивар кои биле во официјалниот записник на натпреварот против Работнички се казнуваат со парична казна од 500 евра по фудбалер поради напуштање на натпреварот против Работнички.