ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.05.2022
Средношколците и премиерот разговараа за матурата
Автор: Goce Author

Делегација од Сојузот на средношколци на средба со премиерот Димитар Ковачевски вчера дискутирале за прилагодување на матурата поради продолжувањето на зимскиот распуст и штрајкот кој се одвиваше во образованието.

Средношколците информираа дека биле вклучени и претставници на Фејсбук групата „Матура 2022“, кои учествувале во консензуалното решение понудено од Сојузот за прилагодување на матурата.

ФОТО: Влада на РСМ

Од Сојузот на средношколци соопштија дека од Владата им било посочено дека рокот за изработка на проектната задача е веќе продолжен. 1.598 ученици кои сѐ уште немаат завршено со овој, клучен дел од матурскиот испит ќе имаат можност тоа да го сторат до понеделник, 16 мај.

“За интерните испити Сојузот успеа да издејствува професорите и оваа година да креираат банки со прашања кои ќе бидат споделени со учениците најмалку три недели пред денот на испитот. Исто така, коефициентите за (не)соодветност на испитите при пресметувањето на поените од минатата година ќе бидат задржани и за оваа година. Прашањата за овогодишните екстерни испити се соодветни на испитите од минатите години, кои се објавени на веб страницата на Државниот испитен центар. ДИЦ во најбрз можен рок ќе изготви Каталог на прашања за екстерните испити, односно истите на матурантите ќе бидат достапни во еден ПДФ документ. Со Претседателот на Владата се согласивме дека прашањата за екстерните испити ќе го опфаќаат материјалот заклучно со март, со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар. Сојузот презема одговорност да се обрати до оценувачките комисии доколку на испитите се јават прашања од наставниот материјал после март“, велат од Сојузот на средношколците.

Отворен повик за наградата ДЕНЕС 2025 за млади визуелни уметници
Инфографик: Злоупотреба на идентитет во дигитална ера преку Вештачка Интелигенција