Во премиерниот натпревар од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар попладнево го победи Шкупи на гостински терен со 2:0.

Мато во финишот на првото полувреме им донесе водство на „црвено-црните“, конечниот резултат го постави Матиќ во 70.минута.

По оваа победа Вардар се зацврсти на шестата позиција со 38 бода, Шкупи е седми со 34.

Другите натпревари од оваа рунда се играат утре. Двојките се: Беса – АП Брера Гостивар – Пелистер Работнички – Силекс Струга ТЛ – Шкендија Воска – Тиквеш.