18.06.2025 04:55
Вести Македонија Топ вести

Арсовска до Обвинителството: Доказите за фалсификатите и дивоградбите во Чаир таму активно се уништуваат

Градоначалничката на Град Скопје во нов статус на Фејсбук обвинува дека има информација дека за фалсификатите и дивоградбите во општина Чаир активно се уништуваат докази.

Таа потсетува од Јавното обвинителство и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по допрен глас или кривична пријава.

  • „До сега пријави за дивоградби Јавното обвинителство има добиено писмено, по допрен глас, а редовно е пријавувано и во полиција. Апелирам, Јавното обвинителство да се одважи за да не биде ставено во функција на политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН“, пишува Арсовска.

Таа објави дека во Чаир има повеќе од 150 документирани, утврдени дивоградби кои се спротивно на закон ГРАДЕНИ СЕГА, А НЕ ВО 2011 ГОДИНА, без или со фалсификувани документи. Во овие објекти живеат илјадници граѓани чиј живот е во постојана опасност бидејќи тие објекти немаат соодветна документација, надзор, пресметана статика, хидрантски мрежи, итни излези, план за евакуација, паркинзи и пристап до објектите.

Ова е само продолжение од синоќешната препирка пред Град Скопје каде Ганиу донеше камион со отпад, а Арсовска го обвини за незаконски дејствија.

(видео)Ноќна „битка со отпад“ меѓу Арсовска и Ганиу пред Град Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

Дејан Дејан

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе