Италија
Саки: Скудетото не е важно, Конте веќе ја оствари најважната победа!

Ариго Саки редовно ги анализира случувањата во италијанскиот фудбал преку својата стандардна колумна за „Газета дело спорт“, а во најновото издание, легендарниот стручњак во прв план го стави Антонио Конте и тимот кој е нов лидер во Серија А.
По новиот пораз на Интер и победата на Наполи против Торино, составот на Конте е оној кој ќе се прашува за титулата до крајот на сезоната, но според Саки, Антонио веќе остварил нешто што е поважно и од освоеното Скудето.
– Повеќе од јасно ми е дека оваа работа во Наполи немаше да ја заврши никој како Конте. Јас ја гледам реалноста во Неапол, страста која ја имаат луѓето за фудбалот, страста кој го имаат за нивниот тим после потешкотиите кои ги имаа минатата сезона.
– Конте ја оствари најголемата победа, направи играчите да го следат од самиот старт и тоа е неговата најголема победа. Успеа да ги убеди фудбалерите дека тој е нивниот лидер. Тој е капетан на бродот и им го покажа патот. Долго бев на клупата и знам дека не секогаш е лесно да се направи таква хемија.
– Сезоната на Конте е ремек-дело, тоа ќе биде така дури и во ситуација да не биде освоен Скудетото. Тоа што го направи во изминатите деве месеци, не може да биде лесно избришано, – порачува Саки.
-
Шпанија13 часа
Четвртото летно засилување носи дилема за Чаби: Еден играч мора да си замине
-
Италија14 часа
Јувентус договори исплата за Консеисао на четири рати, па испрати нова понуда за Санчо
-
Англија16 часа
Клоп: Немам идеја на која позиција ќе игра Вирц во Ливерпул
-
Италија11 часа
Модриќ изненади млад фан на Милан, видеото стана вирално на социјалните мрежи
-
Англија9 часа
Не е само Грилиш: Гвардиола прецртал уште три елитни ѕвезди од првиот тим
-
Шпанија10 часа
Иско: Има само еден виновник за моето фијаско во Реал
-
Англија15 часа
Ширер отпиша една ѕвезда која до ова лето беше недопирлива за Мареска: Деновите му се избројани
-
Италија13 часа
Интер има нов приоритет за нападот, но и неколку резервни опции