Израел прифати прекин на огнот во Газа, Хамас воздржан

Од
Објавено на

Израел ја прифати новата понуда на САД за привремен прекин на огнот со Хамас, соопшти Белата куќа.
Хамас, пак, е воздржан. Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, изјави за Асошиетедпрес дека предлогот не одговара на барањата на неговиот народ и бара пред сè запирање на војната и гладта.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одбива да ја заврши војната пред да бидат ослободени сите заложници и Хамас целосно разоружан или протеран.
Хамас, пак, бара траен прекин на огнот, целосно повлекување на Израел и размена на заложниците за палестински затвореници.
