Пелегрини: Играчите се тотално скршени, но треба да бидеме горди…

Челси го победи Реал Бетис со 4-1 и ја освои Конференциската лига. Англичаните станаа четврти победник на ова натпреварување по Рома, Вест Хем и Олимпијакос и станаа првите во историјата кои ги обединија сите европски трофеи – Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Конференциската лига и Купот на победниците на куповите.

Во таборот на Бетис сосема очекувано разочарување кај тренерот Мануел Пелегрини.

„Што се случи во второто полувреме? Одигравме одлично прво полувреме, постигнавме гол, имавме уште неколку чисти можности, но во второто полувреме бевме вознемирени од повреди, на пример на Абде, и повеќе не можевме да го запреме Челси“ – изјави Пелегрини, а потоа се осврна на одличната поддршка:

„Навивачите беа неверојатни, за време и по натпреварот. Тоа најмногу нè боли, што не можевме да им го донесеме овој трофеј. Ја обезбедивме Европа за следната сезона, но морам да кажам дека повредите навистина нè погодија денес. Против толку моќен тим како Челзи, тоа секогаш те чини.“

Пелегрини исто така коментираше за шансите во Европа следната сезона…

„За Бетис, веќе е голем успех да се квалификува за Европа и да стигне до финалето. Не можеме сега да размислуваме за финалето на Лигата на Европа. Имавме многу добра сезона, за жал, не го освоивме трофејот, но утре почнуваме да работиме на тимот за следната сезона“ – рече и дополни:

„Секако, фудбалерите се навистина скршени по овој пораз. Не успеавме да го одржиме нивото на игра од првото полувреме. Сепак, треба да бидеме горди на начинот на кој игравме, а останатото е фудбал. Сите знаеме каков тим има Челси“.

Се вчитува...