• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, утре во официјална посета на Општина Крива Паланка

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, утре во официјална посета на Општина Крива Паланка

Крива Паланка, 19 јуни 2025 (МИА) - Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас утре ќе оствари официјална посета на Општина Крива Паланка. За време на посетата евроамбасадорот ќе оствари средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и со членовите на Советот на Општина Крива Паланка.

Подоцна, планирана  е средба со Советот на млади на Крива Паланка во Европската куќа, како и со млади амбасадори и претставници на граѓански органзиации.

Попладенето, во 18 часот, предвидено е амбасадорот да присуствува на  официјалното отворање на проектот „ПАРКОВИ“ ( PARKS) финансиран од Интеррег ИПА програмата на  ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија, со кој на локација од околу 2000 метри квадратни уреден е нов урбан зелен парк кај комплексот згради до градскиот зелен пазар во Крива Паланка, за подобра и позелена, урбана општина.

Проектот „ПАРКОВИ“ - Заштита на областите преку регионално знаење и одржливост е со вкупна вредност од околу 895.000 евра од кои 388.000 евра за Општина Крива Паланка како партнер 2, додека останатите се наменети за водечкиот партнер,  Општина Дупница, Бугарија.

Општа цел на проектот е подобрување на урбаниот биодиверзитет и квалитетот на живот во општините преку креирање и промоција на еко-пријателски зелени паркови и површини. иб/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан