41.8 C
Скопје
17:08 - 26 јули, 2025

Саша Матиќ за воспитувањето на ќерките: Кога беше најлошо, обично не бев таму, можеа да завршат во поравен дом

Ќерките на Саша Матиќ не сакаат претерано да се изложуваат на медиумите, а пејачот во една прилика призна дека не бил присутен на нивното воспитување поради работата и дека ги воспитувала неговата сопруга.

– Не ме копираа, тие имаа свое детство, јас мое. Тие пораснале во голем град, според некои други правила. Денес животот е многу побрз, технологијата напредна, социјалните мрежи, кои многу ни помогнаа, но и многу ни одзедоа. Тој што сака да знае, знае што сум имал за ручек, вечера… Тоа е едно од непишаните правила. Јас имав многу побавно детство и живот. Пред дваесет, триесет години и ние децата живеевме побавно. Денес децата живеат така што другар ми ми се пожали дека има десетгодишно дете, а нема време да гледа филм до крај, го однел детето на психолог. Такво е времето денес – изјавил Саша.

Кога се во прашање неговите ќерки, тој веќе не се плаши од ништо.

– Мислам дека, што се однесува до тие стравови, јас со тоа завршив. Кога беше најлошо, обично не бев таму. Немаше тешки ситуации, жена ми се снајде, добро се справува и денес. Колку време поминав со моите деца, тие можеа да завршат во воспитно-поправен дом. Можеби ќе ми беше жал да беа поинакви, но фала на Бога, нема за што да жалиме – заклучи пејачот во емисијата „Премиер викенд специјал“.

Слични објави

Бившиот партнер на Милица Тодоровиќ кој се претставувал како успешен бизнисмен ќе отслужува затворска казна за кражба и измами

E.A.

Антонија Черкез го кажа судбоносното „да“, а набрзо ќе стане и мајка

Еспресо

(Фото) Мистериозен маж ѝ подари 1001 роза на Сораја: Старлетата позираше покрај букетите со длабоко деколте

Еспресо

(Видео) Николина Пишек на 52 години изгледа подобро од кога било: Се соблече во минијатурно бикини и го покажа своето згодно тело

Еспресо

(Фото) Кеба ги лакира ноктите на нозете: Драган Којиќ среден од глава до пети!

Еспресо

Хороскоп за 26 јули: На овие два знака ќе им се случуваат драматични промени

Еспресо