МВР Билтен
- Во СВР Велес пријавено е дека околу 2 часот, на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Скопје, односно пред приклучокот од Велес кон Скопје, патничко возило „Фолксваген тирок“, управувано од Ф.Ф.(32) од Република Косово, излетало надвор од коловоз.

Скопје, 15 јуни 2025 (МИА) - Во СВР Велес пријавено е дека околу 2 часот, на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Скопје, односно пред приклучокот од Велес кон Скопје, патничко возило „Фолксваген тирок“, управувано од Ф.Ф.(32) од Република Косово, излетало надвор од коловоз. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ф.М.(25) од Република Косово, а констатирани во Општата болница Велес, по што поради сериозноста на повреди биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По насоки на надлежен ЈО извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 14.06.2025 година околу 19.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес кон Неготино, поточно после клучка Велес, патничко возило „Фолксваген поло“ со српски национални ознаки, управувано од Т.С.(42) од Република Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.С., констатирани во Општата болница Велес, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил нејзиниот малолетен сопатник од Република Србија. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 14.06.2025 година во 21 часот во Полициската станица Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци кон село Дреново, поточно пред крстосницата за Дреново, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Д.(68) од село Сирково, општина Росоман и трактор „ИМТ“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(67) од село Дреново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата Болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 14.062025 година, во СВР Велес, пријавено е дека околу 22.00 часот на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Градско, пред клучката Градско, Е.М.Г.(53) од Република Бугарија, кој управувал мотоцикл „Сузуки ВЛР 1800“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над моторот и паднал на коловозот. Во несреќата Е.М.Г. се здобил со тешки телесни поведи констатирани во Општата болница Велес. За настанот известен е Судија на претходна постапка, а увид изврши увидна екипа од СВР Велес.
На 14.06.2025 година околу 17.45 часот во Полициската станица Кратово е пријавено дека на локалниот пат од Кратово кон село Нежилово, поточно на место викано „Вељановац“ во село Горно Кратово, моторцикл со кратовски регистарски ознаки, управуван од С.А.(29) од Кратово излетал надвор од коловозот. Во несреќата С.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово.
На 14.06.2025 година во 16.20 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на автопатот Градско-Прилеп, кај влез за рудник Тројаци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Јамаха“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(27) од Битола и товарно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(47) од село Пашино Рувци, општина Кривогаштани. Во несреќата М.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 14.06.2025 година околу 10.30 часот во Полициската станица Пробиштип е пријавено дека на земјен пат во близина на улицата „Миро Барага“ во Пробиштип, товарно возило „Мерцедес“ со кратовски регистарски ознаки, управувано во З.А.(57) од Кратово удрило во пешакот Ј.Ј.(68) од Пробиштип. Во несреќата Ј.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
На 14/15.06.2025 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Т.(24), Р.И.(29), А.Ш.(20), С.С.(31), 31-годишната А.Е, К.П.(37) и А.Х.(37) сите од Скопје, како и А.Х.(25) од село Батинци, скопско, А.А.(25) од Прилеп, Ѓ.Д.(21) од Велес, А.А.(27) од Република Турција и Џ.С.Г.(51) од Велика Британија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела и кафеава грутчеста материја, прашкаста и бела прашкаста материја, халуциногена печурка и екстази. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 14.06.2025 во 21.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишија од слобода 30-годишната М.Д. од село Дреново, кавадаречко, затоа што кај неа биле пронајдени и одземени марихуана, таблета и една дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.06.2025 година во 21.40 часот на улицата „Мирче Ацев” во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х. (32) од Тетово, затоа што во неговото патничко моторно возило со кое управувал е пронајдена бела прашкаста материја и предмети со траги од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 14.06.2025 година во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари, а откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.06.2025 година во 21.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Волково, скопско, К.Ч.(25) од Скопје физички ја нападнал О.П.М.(59) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.06.2025 година во 12.00 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.В.(68) од Скопје којшто и упатувал и закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (15.06.) во 02,20 часот во СВР Охрид од страна на 39 годишна охриѓанка e пријавено дека истиот ден во 1 часот пред угостителски објект во ТЦ „Амама“ таа била физички нападната од Р.М. со кого претходно била во вонбрачна врска. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (15.06.) во 02.45 часот во СВР Куманово 26 годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.С. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Денеска (15.06.) во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Велес, го лишија од слобода Б.М.(38) од Велес, по претходна пријава дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, тој физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. Истиот е задржан во полициска станица, известен е Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 9 часот на место викано „Керезли“, атар на село Степанци, штипско, пронашол череп и коски слични на човечки. По насоки на Јавен обвинител пронајдените коски биле предадени во Институтот за судска медицина Скопје за понатамошно вештачење. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Д.(45) од Тетово поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а подоцна во полициска станица и физички нападнал еден од нив. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 14.06.2025 година во 3 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, при превземање службени дејствија во угостителски објект лоциран во населба „Точила“ во Прилеп биле физички нападнати од А.С. и уште едно лице со стаклени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.ар/
Фото:МИА архива