
Претставничкиот дом на САД, во кој мнозинството го имаат републиканците, во четвртокот усвои сеопфатен закон за даноци и потрошувачката, кој му овозможува на претседателот Доналд Трамп да спроведе многу од своите предизборни ветувања.
Законодавството, кое беше усвоено со тесно мнозинство од само еден глас, ќе исполни голем број ветувања на Трамп, вклучувајќи го и укинување на даноците за напојниците и лизингот на автомобили, како и зголемување на трошоците за војската и обезбедување на границата.
Законот ќе додаде 3,8 трилиони долари на постојниот долг на сојузната влада од 36,2 трилиони долари во следните десет години, според непартиската Конгресно биро за буџет без да го наведе периодот и причините со коишто е создаден огромниот американски јавен долг.
„Ова е најважниот закон во историјата на нашата земја“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Законот беше усвоен со 215 гласа „за“ и 214 „против“ по маратонска сесија што траеше две последователни ноќи.
Сите демократи во Претставничкиот дом гласаа против него, како и двајца републиканци, додека трет републиканец гласаше „присутен“, но ниту за законот ниту против него. Друг републиканец не гласал затоа што „заспал“.
Она што Трамп го нарече „голем, убав закон“ сега оди во Сенатот, кој републиканците го контролираат со 53 наспроти 47.
Некои републиканците во Сенатoт изјавија во четвртокот дека ќе бараат суштински измени во сеопфатниот закон за даноци и потрошувачка на претседателот Доналд Трамп, откако тој тесно доби одобрение во Претставничкиот дом, што е знак дека остануваат значајни пречки за пакетот, коментира Reuters кој е иксклучително критичен .
Само неколку часа откако републиканците во Претставничкиот дом го усвоија со само еден глас повеќе, сенаторите од партијата на Трамп изнесоа низа забелешки на пакетот, кој опфаќа многу од неговите главни домашни приоритети. Тоа би можело да му отежни на Конгресот да се одлучи за конечна верзија што Трамп ќе ја потпише за закон.
„Очекувам дека ќе има значителни промени во Сенатот“, рече републиканскиот сенатор Тед Круз од сојузната држава Тексас.
Републиканците во голема мера се согласуваат за главните точки на законодавството, кое би ги продолжило даночните намалувања на Трамп од 2017 година, би ја заострило подобноста за здравствени и прехранбени бенефиции, би ги приспитало големите финансиски стимулации за „зелената енергија“ и би ја финансирало рестриктивната имиграциска политика на на Трамп.
Но, многу од истите забелешки што го загрозија усвојувањето на законот во Претставничкиот дом се во игра и во Сенатот. Некои пратеници изразија загриженост во врска со намалувањата на програмата за здравствена заштита Медикејд, истакнувајќи дека коалицијата гласачи кои ја поттикнаа победата на Трамп на ноемвриските избори и чија поддршка ќе им биде потребна за да ја одржат контролата врз Конгресот на среднорочните избори во 2026 година се потпира на законот.