Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари изнесувала 43.053 денари.
Во споредба со февруари лани, таа бележи пораст од 9,6 проценти.
Според ДЗС ова покачување се должи на зголемувањето на просечната нето-плата во неколку сектори: Дејности во врска со недвижен имот со 16,6 проценти, Преработувачка индустрија со 11,5 проценти, Образование со 11,4 проценти, Информации и комуникации со 4 проценти, Дејности во врска со недвижен имот со 3,9 проценти и Преработувачка индустрија со 2,5 проценти.
Просечната исплатена бруто-плата пак била 64.634 денари.