• Мартин Танасковски

Екипата на ГОГ Гудме е победник на првото издание на младинскиот Ф4-турнир во Лигата на шампионите, кој беше увертира за сениорскиот настан во Келн, Германија.
Данската школа се покажа како неприкосновена и без конкуренција, а ГОГ во финалниот натпревар славеше сигурно над унгарски Веспрем. Резултатот на мечот во „Ланксес Арена“ гласеше 37-28, а на паузата беше 22-16.
Најдобар стрелец кај победникот беше Магнус Бојсен Мелдруп со девет гола, а Емил Соренсен погоди осум пати, додека кај Веспрем се истакнаа Јуханш-Тот, Апро, Ганц-Пето, Шаип, сите дадоа по четири гола.
Претходно, во „малото финале“ за бронзениот медал, Барселона беше убедлива во дуелот со македонскиот претставник Еурофарм Пелистер.