16 Јули, 2025
0.0385

Атлантик Група: Силен раст на продажбата и профитабилноста под притисок на високите цени на кафето и какаото

Објавено во: Економија 24 Април, 2025 09:55

Добивај вести на Viber

Атлантик Група во првото тромесечие од 2025 година забележа приход од продажба во износ од 259,9 милиони евра, што во однос на истиот период лани претставува раст од 9,8%. И покрај исклучителните продажни резултати, профитабилноста е и понатаму под притисок поради рекордните цени на сировото кафе и какао, како и на дополнителните вложувања во вработените, па затоа добивката пред камата, даноци и амортизација (EBITDA) е помала за 8,7% и изнесува 23,0 милиони евра, додека нето добивката во однос на првиот квартал минатата година е пониска за 38,4% и изнесува 6,1 милион евра.

„Во првиот квартал од 2025 година остваривме силен раст на продажбата во однос на истиот период лани, што се должи на растот на приходите во речиси сите деловни и дистрибутивни области и на сите поважни пазари. И понатаму притисокот поради рекордните цени на сировините, посебно на кафето и какаото, како и растечките вложувања во вработените, се рефлектира на резултатите во поглед на профитабилноста. Продолжуваме да го следиме развојот на ситуацијата во предизвикувачкото и динамично макроекономско опкружување, но остануваме уверен дека ќе продолжиме со успешен и одржлив раст, со фокус на зајакнување на конкурентноста, иновацијата и модернизацијата“, истакна претседателот на Управата на Атлантик Група, Емил Тедески.

Кафе, Деликатесни намази и Фармацевтскиот бизнис го предводат растот

Најзначајниот раст на приходите од продажба од 33,9% е остварен во Стратешката деловна област (SPP) Кафе, а потоа следат Деликатесните намази со раст од 19,5% и Фармацевтскиот бизнис со раст од 8,0%. Кафето е со удел во вкупниот приход од 24,4% и претставува најголема поединечна категорија. Помеѓу Стратешките дистрибутивни области (SDP) се истакнуваат Србија со раст од 25,8% и Северна Македонија со раст од 11,2%, а значаен раст е остварен и на пазарите Босна и Херцеговина и Германија. Во вкупната продажба сопствените брендови учествуваат со 65,0%, фармацевтскиот бизнис со 9,4%, додека принципал брендовите сочинуваат 25,6% од приходот од продажба.

Иновативност, одржливост и одговорност на дело

Атлантик Група ја започна 2025 година со лансирање на два нови брендови – линијата на хербални води и сегментот на функционални производи под брендот DoNatural (во рамки на стратешката деловна област Donat) како и нискокалоричната газирана лимонада под брендот Lemonish (во рамки на стратешката деловна област Пијалаци).

Атлантик во склоп на конференцијата Денови на енергетика во Словенија ја освои првата награда во категоријата „Енергетски ефикасно претпријатие“. Компанијата продолжува да реди успеси и во областа на зајакнување на организацијата, што претставува една од темелните стратешки одредници. Оваа посветеност е препозната и во Босна и Херцеговина, каде што Атлантик Група према изборот на порталот MojPosao.ba беше сместена помеѓу трите најпосакувани работодавци.

Атлантик Група и оваа година е добитник на сертификатот Equal Pay Champion (SELECTIO Grupa), со што се потврдува континуираната посветеност на компанијата да осигура еднакви плати за еднаква работа, без оглед на родовата припадност, како и големата застапеност на жени на управните позиции. 

Можеби ќе ве интересира

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Кој и зошто прави залихи од сребро?

Кој и зошто прави залихи од сребро?

Како да добиете поевтин стан или куќа? Не секој се осмелува да ја искористи оваа опција

Како да добиете поевтин стан или куќа? Не секој се осмелува да ја искористи оваа опција

СЕГА 20 ОТСТО ОД РАБОТНИЦИТЕ СЕ СТРАНЦИ: Албанија планира да донесе 40.000 работници од други земји

СЕГА 20 ОТСТО ОД РАБОТНИЦИТЕ СЕ СТРАНЦИ: Албанија планира да донесе 40.000 работници од други земји