сабота, 17 мај 2025

Македонските и бугарските фудбалски легенди одиграа пријателски меч за настраданите од Кочани (ВИДЕО)

Македонските легенди го добија ревијалниот меч кој се одигра во Варна, славевме со 3-2 против Бугарија, но резултатот од овој натпревар беше во втор план, сите приходи собрани од мечот ќе се донираат за настраданите од несреќата во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Бугарите предводени од легендарниот Христо Стоичков беа иницијаторите за одигрување на овој ревијален натпревар, нивна беше и идејата за донација на средствата.

Мечот помина во убава, пријателска атмосфера, а Македонија победи со 3-2.

Македонија поведе со гол на Ристо Божинов, Бугарија изедначи на 1-1 преку Камбуров од пенал. Беше досудена најстрога казна и за Македонија, Пандев погоди од белата точка и го врати водството за нашите. Михтарски изедначи на 2-2, а победата за нашата репрезентација ја донесе Тасевски кој реализираше за конечни 3-2.

Но, резултатот од овој меч беше неважен, најважно беше да се оддаде почит за загинатите во Кочани и да се донира за настраданите од оваа голема несреќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ