Средба на генералната секретарка на Собранието Димовска со францускиот амбасадор
- Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар на Собранието, Никола Ѓошевски, остварија средба со Кристоф ле Риголе, амбасадор на Француската Република.

Скопје, 30 мај 2025
Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар на Собранието, Никола Ѓошевски, остварија средба со Кристоф ле Риголе, амбасадор на Француската Република.
На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката помеѓу двата Парламента, како и интензивирање на билатералната соработка меѓу службите на двата парламента.
Особено се поздрави реафирмираната посветеност на Француската Република, како и зголемениот француски фокус кон нашата држава согласно Стратегијата за европска интеграција на земјите од Западниот Балкан.
Соговорниците разговараа за продолжување на соработката преку размена на експертиза и знаења со Националното собрание на Француската Република, особено во областа на Програмата за развој на собранискиот ТВ канал, зајакнување на административната поддршка за парламентарните комисии, унапредување на работата на Секторот за седници во Собранието, како и процесот на дигитализација на Собранието.
Собранието останува отворено и ќе ги поддржува иницијативите кои ќе придонесат за поголема соработка со Францускиот парламент, што е од заемен интерес на двете држави.
Собрание на Република Северна Македонија
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.