11 Јули, 2025
0.0323

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

Објавено во: Македонија 20 Април, 2025 21:53

Добивај вести на Viber

ВЕРНИЦИТЕ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН

Православните верници денеска го слават празникот Велигден. Помладите одат на семеен ручек кај постарите. По долгиот пост денеска се јаде мрсна храна.  На трпезата задолжително има и црвени јајца, кои ја симболизираат Исусовата крв, но има и јајца во други бои. Етнолозите забележале дека во различни делови од Македонија има некои мали разлики во однос на обичаите. На Велики Четврток се подготвуваат првите јајца во црвена боја и нив домаќинките обично ги чуваат до идната година.

ПОЛИТИЧАРИТЕ ГО ЧЕСТИТАА ПРАЗНИКОТ

Mинистерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на социјалните мрежи објави дека е во Чикаго. 

Таа упати честитка по повод Велигден. 

Премиерот Христијан Мицкоски го честита Велигден на верниците. 

„Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество“, вели тој. 

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, којшто годинава во исти ден го слават сите граѓани од христијанска вероисповед во светот, упати честитка до поглаварите на Црквите во земјава: Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, до скопскиот бискуп и епарх струмичко-скопски на Католичката црква д-р Киро Стојанов, како и до д-р Емил Заев, претседател на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква.

Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за  нови и подобри почетоци, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче. 

OРУЖЈЕТО НЕ МИРУВА ВО УКРАИНА

На фронтот во Украина, нема мир и за празник. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија на Велигден извршила 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина. Ова е состојбата до 16 часот, според извештајот на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Зеленски на социјалните мрежи напиша дека денеска руските сили употребиле 400 дронови за напади врз Украина. Украинскиот претседател изјави дека руските сили го прекршиле велигденскиот прекин на огнот во регионот на Доњецк и во областа Курск во Русија. Рускиот претседател претходно најави прекин на огнот за Велигден, но според украинската страна тој тоа не го почитува. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

„ГЛИГОРОВ УСПЕА СЕРИОЗНО ДА ГИ ЗАЛАДИ ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА, ГЕОРГИЕВСКИ НАПРАВИ ПРОБИВ“: Дескоски - „Бугарија не може да добие повеќе“

„ГЛИГОРОВ УСПЕА СЕРИОЗНО ДА ГИ ЗАЛАДИ ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА, ГЕОРГИЕВСКИ НАПРАВИ ПРОБИВ“: Дескоски - „Бугарија не може да добие повеќе“

„БИ ЧЕСТЕЛ ЛУЃЕ ОД ПРЕД КООПЕРАЦИЈА, ДА ГЛЕДААТ КОН ПЛАНИНИ“: Ангелов повторно актуелен на социјалните мрежи, сам споделува видео на своја сметка, за оваа изјава

„БИ ЧЕСТЕЛ ЛУЃЕ ОД ПРЕД КООПЕРАЦИЈА, ДА ГЛЕДААТ КОН ПЛАНИНИ“: Ангелов повторно актуелен на социјалните мрежи, сам споделува видео на своја сметка, за оваа изјава

„ВИЕ СО ВИКЕНДИЦИТЕ ВО ОХРИД ШТО ЌЕ ВИ ГИ РУШАТ, ИМАТЕ ДВЕ СИГУРНИ РЕШЕНИЈА“: Арсовска со совети до сопствениците

„ВИЕ СО ВИКЕНДИЦИТЕ ВО ОХРИД ШТО ЌЕ ВИ ГИ РУШАТ, ИМАТЕ ДВЕ СИГУРНИ РЕШЕНИЈА“: Арсовска со совети до сопствениците

„ОДГОВОРНОСТ ЗА ОВА СЕБЕУНИШТУВАЊЕ МОРА ДА ИМА“: Се огласи и Жерновски за извештајот

„ОДГОВОРНОСТ ЗА ОВА СЕБЕУНИШТУВАЊЕ МОРА ДА ИМА“: Се огласи и Жерновски за извештајот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар