Субвенционирање на плати, обука кај познат работодавач и практиканство се три активни мерки на Центар за вработување Велес

Објавено на 3 ноември, 2023 во 15:15

Државата со првата мерка финансиски помага работодавачи коишто се сопственици на микро, мали и средни фирми, како и на социјални претпријатија и граѓански организации. Субвенцијата од 19 илјади денари е на месечно ниво и во времетраење од 6 месеци со цел да создадат нови работни места. Со финансиските средства се обезбедува плата за ново вработените лица на кои работодавачите можат да им дополнат дел во бруто платата.  Но фирмите по истекот на шесте  месеци во кои ќе ја добиваат државната субвенција имаат обврска да ги задржат на работа нововработените лица уште најмалку 3 месеци или вкупното времетраење на мерката изнесува најмалку девет месеци. Фирмите, корисници на субвенцијата потребно е да имаат најмалку еден вработен на неопределено време, подмирено сите придонеси, остварена добивка во 2022 година и да не го намалиле просечниот број на вработени до денот на аплицирање за мерката. Исто така работодавачите предност треба да им дадат на корисници на ГМП (гарантирана минимална помош), на жени, на Роми, на млади до 29 години, на лица со попреченост и на долгорочно невработени лица.

Втората мерка, обука кај познат работодавач и практиканство, овозможува обука за невработените млади лица до 29 годишна возраст  за да дојдат до работно место кај конкретен работодавач во период од 3 месеци, или невработените лица да се стекнат со практични знаења и  вештини во реален работен процес. Невработените лица додека се на обука добиваат надоместок во бруто износ од 11 илјади денари додека познатиот работодавач, поточно фирмата, субвенција од 25 илјади денари по успешно обучено лице. По завршувањето на обуката работодавачот има обврска да го вработи лицето во најмалку шест месеци.

Третата активна мерка, практиканство, е скоро идентична со претходната со тоашто работодавачот нема обврска за вработување на практикантот.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.