Антони оваа сезона може да влезе во фудбалската историја на УЕФА!

Бразилецот Антони замина од Манчестер Јунајтед и се препороди во Бетис, а доколку се исполнат два услови, тој ќе влезе во фудбалската историја на УЕФА.

Офанзивецот на тимот од Андалузија е потенцијален освојувач на два медали во натпреварувањата на УЕФА и тоа во иста сезона! Тоа ќе се случи ако Манчестер Јунајтед и Бетис ги освојат титулите.

Манчестер Јунајтед игра во Лигата на Европа, Бетис е во Конференциската лига. Бразилецот оваа сезона настапи на четири меча за „ѓаволите“, додека за Бетис одигра седум дуели во третиот ранг на УЕФА.