Конструктивна средба на премиерот Мицкоски со челниците на ВРЕДИ: Да се почитува волјата на граѓаните за справување со криминалот и промена на системот

Вечерашниот состанок меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претставниците на ВРЕДИ/ВЛЕН кој се одржа во владата, како што објави претходно Нетпрес, била „конструктинва “ и во „пријателски и партнерски дух“,брифираат нашите извори запознаени со текот на разговорите.

Според изворите, кои не споделуваат повеќе информации, на средбата било разговарано „за сите реформски прашања“. Особено била истакнато дека треба да се почитува волјата на граѓаните да ги поддржат реформите, како и справувањето со криминало, и промените во системот кој го оставија сега опозициските ДУИ и СДСМ.

Соговорниците порачале дека граѓаните нема да бидат разочарани, а договорено е разговорите да продолжат.

На разговорите на премиерот Христијан Мицкоски и со лидерите на коалицијата ВРЕДИ/ВЛЕН, Изет Меџити, Биљал Касами и Зекирија Ибрахими, според првичните најави во некои медиуми, требало да се разговаа и за владината коалиција и позициите на чинителите на Владата.

Мината седмица Изет Меџити, од Демократско движење, повтори рече дека Владата е стабилна и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, како што повикува опозицската партија ДУИ, откако во ВРЕДИ/ВЛЕН дојде до тензии по одлуката на крилот на Алијансата за Албанците предводена од актуелниот министер за здравство Арбен Таравари одлучи на претстојните локални избори да оди самостојано, па дури најави и можна соработка со ДУИ во одредени општини.

Средбата претходно денеска ја најави и лидерот на Движењето „Беса“, Биљал Касами кој во изјава за медиумите рече дека заедно со Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими вечерва ќе имаат средба со премиерот.

„Како коалиција ВЛЕН ќе инсистираме до крај секој што соработува со ДУИ во овие околности кога таа партија е на црните листи и треба да даде отчет за корупцијата на нејзините високи функционери, не може да биде прифатлив. Вечерва имаме средба со премиерот на која веруваме дека ќе ги разјасниме овие околности. Повторно велам дека тоа не е прифатливо, а тоа го кажа и премиерот, дека не може да се соработува со опозициска партија, во овој случај со ДУИ и истовремено да се остане во Владата. Со премиерот треба да ја разјасниме оваа ситуација, став што досега сме го имале заеднички во однос на продолжувањето на останувањето во Владата“, рече Касами.