Берзи

Кети Вуд категорична: Акцијата на „Тесла“ ќе достигне 2.600 долари

Извор: Bei Hu, Abhishek Vishnoi

25 март 2025, 11:10

Инвеститорката предвидува раст на акциите од над 800 отсто

Нејзините превидувања се базираат на иновациите во роботаксито

Кети Вуд категорична: Акцијата на „Тесла“ ќе достигне 2.600 долари

Bloomberg

„Арк инвестмент менаџмент“ (Ark Investment Management LLC) на Кети Вуд и понатаму негува оптимизам за акциите на компанијата „Тесла“ (Tesla Inc.) и очекува за пет години акциите да достигнат 2.600 долари, или речиси 10 пати повеќе од сегашната цена.

Во интервју за телевизијата „Блумберг“ Вуд рече дека роботаксијата на „Тесла“ ќе сочинуваат 90 отсто од нивната вредност во тој период. „Тесла“ има иницијативи за хуманоидни роботи што „Арк“ дури и не ги вклучил во предвидувањето на цената, додаде таа на маргините на глобалниот инвестициски самит на ХСБЦ (HSBC) во Хонгконг денеска.

Акциите на компанијата годинава паднаа за 31 отсто, дури и по закрепнувањето во последните четири трговски сесии. Продажбата и испораките нагло се намалија на клучните пазари, вклучувајќи ги и Европа и Кина, бидејќи нејзиниот основач, милијардерот Илон Маск, се соочи со политички притисок. Домашното незадоволство исто така порасна поради потегот на неговиот Оддел за владина ефикасност да укине илјадници владини работни места.

Продажбата на „Тесла“ паѓаше во 10 од последните 12 месеци во Европа, додека производителот на автомобили се мачеше силно и на почетокот на годинава. Компанијата регистрира 16.888 нови автомобили во февруари, што е за 40 отсто помалку од пред една година, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили.

Во меѓувреме некои аналитичари исто така почнаа да се лицитираат со предвидувања за намалување на вкупната продажба на компанијата и за целата 2025 година, што би значело дека нема да може да заздрави од минатогодишниот прв годишен пад по повеќе од една деценија. Џозеф Спак од УБС (UBS Group AG) и Крис Мекнали од „Евркор“ (Evercore ISI) претходно месецов ја намалија својата процена за испораките за целата година.

Кинескиот ривал БЈД (BYD Co.) го надмина „Тесла“ во продажба, надминувајќи 100 милијарди долари минатата година. Дури и овој неуспех, кога станува збор за кинескиот пазар, би претставувал само „краткорочен удар“ за акциите на „Тесла“ и нема да ја намали нашата петгодишна ценовна цел за вредноста на акциите, рече Вуд.

„Ако ги погледнете метриките како опсегот и моќноста за одредена цена, 'Тесла' е многу конкурентна, ако не и најконкурентна компанија, секако во зависност од моделот на автомобилот“, рече Вуд. „'Тесла' и БЈД се во водство само од гледна точка на електричните автомобили. Ако се занимавате со роботакси, се разбира БЈД не го користи моментот таму, барем не сè уште“.

„Тесла“ остана најголемиот холдинг во нејзиниот водечки ЕТФ - „Арк иновејшн“, каде што има 10 отсто од инвестициите од 5,8 милијарди долари до 24 март, според информациите објавени на веб-страницата на компанијата. Тоа е помалку од речиси 16 отсто, колку што беа на крајот на 2024 година, според информативниот лист објавен на веб-страницата.

Додека Вуд е надалеку позната по нејзините агресивни облози, нејзиниот водечки фонд се мачеше во последниве години. Дури и по порастот од 82 отсто во двете години до 2024 година, овој ЕТФ сè уште има вредност помала за 65 отсто од својот врв и заостанува зад индексот Nasdaq Composite во текот на пет години.

Во анализата од 2023 година, „Арк“ процени дека акциите на „Тесла“ ќе достигнат 2.000 долари до 2027 година, бидејќи ќе го зграпчат пазарниот удел од традиционалните производители на автомобили. Во јули таа предвиде дека формирањето автономна платформа за такси ќе биде катализатор за приближно 10-кратен скок на цената на акцијата на компанијата.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите