• Зоран Мишевски

Денес со бараж натпреварот во Кавадарци официјално заврши сезоната во клупскиот мак-фудбал. Во натпреварување во кое три екипи се откажаа од настап во професионалните категории, исходот на Првата лига е чуден и изменет од оној пред неколку месеци.
Башкими ја совлада Беса и по неполни две децении се врати во Првата лига, па сега познат е составот на сите клубови кои ќе играат за бодови од август годинава. Единствен дебитант во Првата лига следната сезона ќе биде Арсими.
Прволигаши во сезоната 2025/26:
Шкендија
Силекс
Работнички
Струга Трим Лум
Вардар
Пелистер
Шкупи
Брера Струмица
Тиквеш
Македонија Ѓорче Петров
Арсими
Башкими
Шампионатот 2025/26 носи и една голема промена, бидејќи четири екипи испаѓаат од елитната категорија, па првенството 2026/27 ќе брои десет екипи.