Баер Леверкузен не е веќе шампион на Германија. Од вчера и официјално тоа е Баерн Минхен, кој по пауза од една година си ја врати титулата која е 12 во последните 13 сезони во Бундеслигата.
По ремито со Фрајбург, по кое “фармацевтите“ ги загубија сите шанси за одбрана на трофејот, свој моментар имаше Чаби Алонсо, стратегот на Леверкузен кој за неколку недели и официјално ќе се седне на клупата на “кралевите“:
“Честитки за Баерн Минхен. Мислам дека ја заслужија титулата. Беа константни во текот на целата сезона, играа добро, беа подобри од нас и затоа заслужија да бидат прваци. По она што се случи минатата година сите во Леверкузен знаевме дека ќе ни биде потешко. Така и беше, уште еднаш честитки за Баерн Минхен“ рече покрај другото Алонсо.