„Нема да живееме во илузија дека сме демократска држава“: Најчевска бара распуштање на Собранието откако беше одбиено да се расправа за Кочани во надзорната комисија

од Nikola Popovski
267 прегледи

Професорката и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска се огласи со реакција откако Анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот не го прифати предлогот на пратеникот Димитар Апасиев, на вчерашната седница да се прифати предлогот за надзорна расправа за трагедијата во Кочани. Таа побара распуштање на Парламентот.

„Ма дајте бре распуштете го Собранието. И така е за џабе. Ќе заштедиме на избори, на плати и патни трошоци и нема да живееме во илузија дека Македонија е демократска држава. Идиократија е нежен збор за она во кое живееме“, објави Најчевска.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, изјави дека предлогот на Левица не е прифатен бидејќи веќе е поденсена иницијатива за расправа за трагедијата во Кочани до Комисијата за политички систем, но се чека да заврши истрагата, да се објави обвинението, па потоа да се расправа на темата во Собрание.

Предлогот беше одбиен со девет гласа „против“ и три гласа „за“.

Слични содржини