• четврток, 12 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Одржани младинските екипни првенства во шах, ШК Гамбит најуспешен

Одржани младинските екипни првенства во шах, ШК Гамбит најуспешен

 

Скопје, 12 мај 2025 (МИА) – Во организација на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) изминатиот викенд во Скопје се одржаа младинските екипни државни првенства во машка и женска конкуренција.

На првенствата во просториите на приватниот колеџ „Јахја Кемал“ учествуваа вкупно 257 шахисти од 46 екипи во категориите до 8, 10, 12, 14, 16 и 18 години и девојчиња до 10 и до 12 години.

Најуспешен младински клуб е ШК Гамбит со три златни и еден сребрен медал, пред ШК Алкалоид чии екипи освоија два златни, два сребрени и еден бронзен медал и ШК Капабланка со две златни и две сребрени одличја.

Победници по категории:

Момчиња до 8 години:

ШК Гамбит, Скопје

ШК Куманово, Куманово

Момчиња до 10 години:

ШК Капабланка, Скопје

ШК Алкалоид, Скопје

ШК Цареви Кули, Струмица

Момчиња до 12 години:

ШК Капабланка, Скопје

ШК Алкалоид, Скопје

ШК Куманово, Куманово

Момчиња до 14 години:

ШК Алкалоид, Скопје

ШК Капабланка, Скопје

ШК Ласкер, Охрид

Момчиња до 16 години:

ШК Мултиесенс, Скопје

ШК Капабланка, Скопје

ЖШК Прилеп, Прилеп

Момчиња до 18 години:

ШК Алкалоид, Скопје

ШК Гамбит, Скопје

ШК Шах Шех, Битола

Девојчиња до 10 години:

ШК Гамбит, Скопје

ШК Цареви Кули, Струмица

ШК Алкалоид, Скопје

Девојчиња до 12 години:

ШК Гамбит, Скопје

ШК Гази Баба 1976, Скопје.ег

ФОТО: ШФМ

Остани поврзан