Милев: Полска беше пресилна, но со Холандија и со Чешка – зошто да не?

Слободениот ден им доаѓа одлично на македонските одбојкари по вчерашниот пораз од Полска, прв за Македонија на Европското првенство чиј кодомаќин е и Скопје. Денов е шанса да се рекуперираат и да соберат мотивација за преостанатите два меча, против Холандија и со Чешка, кои исто така важат за посилни репрезентации од нашата, но оставаат надеж за изненадување.
Највозрасниот во нашата репрезентација не обрнува премногу внимание на синоќешниот пораз од Полска (0-3) и најавува дека ќе се надигруваме со Холандија и со Чешка. Фактот што со две победи веќе сме на теорија до осминафиналето, ќе придонесе без оптоварувања да влеземе во завршницата од фазата по групи, па не само да се задоволиме со четвртото место, туку да атакуваме и на позиција погоре во групата во Скопје.
„На следните два натпревара ќе влеземе растоварено, мотивирано и да оствариме уште некој добар резултат. Уште на почетокот најавувавме дека со Полска нема што да бараме, но со Холандија и со Чешка може да се игра. Не велам дека се слаби противници, напротив, треба да се игра мотивирано, да се даде 120 прценти ако сакаме добар резултат. И во минатото сме покажале дека со добри репрезентации играме добра одбојка, затоа велам ‘зошто да не’. Можеме да се надеваме на добар резултат и со Холандија и со Чешка“, изјави Милев.
Како што течат натпреварите ќе почнат и да тежат нозете, но 36-годишниот репрезентативец ја отфрла таквата опција, вели дека се одлично подготвени.
„Имавме добар подготвителен период и сметам дека сите сме во одлична физичка кондиција. Можеме да продолжиме да ја радуваме публиката и да одиграме добри натпревари и со Хопландија и со Чешка, здравје боже и во Бари. Не е ова нашиот максимум, можеме уште“, дополни Милев.
Утре од 17 часот, Македонија ќе се пресмета со Холандија, а в среда од 20 против Чешка.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…