Англија
Гвардиола воодушевен од играчот кој го намести голот за победа: Тој е најдобар во светот во еден сегмент (Видео)

Пеп Гвардиола како ретко кога славеше еден гол на Манчестер Сити и буквално падна во екстаза по погодокот за победа против Астон Вила во 94-та минута, триумф кој дефинитивно има огромно значење во битката за пласман во Лигата на шампиони.
Шпанскиот стручњак со својата реакција јасно стави до знаење дека посебно му е важно да биде дел од најелитното европско натпреварување, а вчера како добитна комбинација во самиот финиш се покажа онаа меѓу Доку и Нунеш.
Португалецот се најде на вистинско место во вистинско време, но добар дел од задачата заврши резервистот Доку, кој првиот посериозен продор го претвори во мајсторска асистенција за гол.
Доку доби лични честитки од Гвардиола веднаш по последниот судиски свиреж, а откако го прегрнуваше на теренот, Пеп не штедеше комплименти за својот крилен фудбалер и на пресот.
– Кога е Жереми на теренот, секогаш знаете дека ќе добиете нешто. Тој во секој момент може да направи разлика, игра за публика, игра за да го промени мечот. Во првите три или четири акции не можеше да направи ништо, но на крајот покажа што знае и умее.
– Жереми е најдобар играч во светот во еден сегмент, а тоа е спрингот во првите пет метри. Тој е најдобар светски фудбалер во првите пет метри, тој едноставно е несопирлив во такви ситуации, – порача Гвардиола.
Incredible. pic.twitter.com/6IWLKHSuck
— Manchester City (@ManCity) April 22, 2025
— Manchester City (@ManCity) April 22, 2025
-
Англија16 часа
Аморим со порака за клубовите: Јунајтед не дава попуст за „непотребната“ четворка
-
Италија14 часа
Интер ја зголемил понудата за Лукман, но се откажал од друго потенцијално засилување
-
Англија12 часа
Слот без две ѕвезди на дуелот со Милан, медиумите најавуваат дека се на чекор до разделба со „црвените“
-
Формула 112 часа
Ферстапен направи клучен потег во првиот круг и победи на спринтот во Белгија
-
Свет9 часа
Леао атрактивниот гол против Ливерпул му го посвети на Жота (ВИДЕО)
-
Свет16 часа
Официјално: Меси го доби својот фудбалски заштитник во Интер Мајами (Фото)
-
Италија6 часа
Трето летно засилување за „волчицата“: Гасперини осигура фудбалер кој не успеа да го привлече во Аталанта (Видео)
-
Македонија10 часа
Тордарсон: Лазаров ќе ме научи многу, доаѓам во земја која сака и знае ракомет