Мода како за викенд
•
20 мај 2023
Пред нас е викенд, време кога сакаме и можеме малку да се опуштиме и да најдеме некоја минута повеќе за себе.
Викендот ни дозволува повеќе и да креираме, да создаваме модни комбинации кои што ќе направат да се чувствуваме пријатно, убаво и тренди.
Без разлика дали одиме на кафе со пријатели, на прошетка со семејството или пак се посветуваме лично на себе, она што го носиме умее да ни ја даде потребната самодоверба за квалитетно поминат ден.
Фармерки, кошула, сандали, патики, здолниште или пак кежуал одело за неделен ручек во градот, викендот дозволува сè, иако времето може понекогаш да замеша прсти.
Вие сте тие што ќе ги послушате своите желби и ќе ја создадете викенд комбинацијата.
Ние сме тука за неколку добри идеи.
Фото:Pinterest