Премиерот Христијан Мицкоски нема информации за зголемување на цените на основните прехрабени производи по завршувањето на мерката за ограничување на бруто-профтитната маржа. Но, вели дека ако тоа се случи до крајот на месецот, тогаш, како што изјави денеска, ќе бидат применети мерки кои ќе важат до крајот на годината.
„Ги следиме состојбите, јас немам таква информација, разговарав со министерот (Бесар Дурмиши н.з.) пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки. Немам таква информација дека тоа се случува, но доколку се случи тоа на крајот од месецот, автоматски ќе бидат применети мерки коишто ќе траат до крајот на годината“, изјави Мицкоски.